Нова античка драма II

Нова античка драма II

Автор: Сашо Димоски

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 310
Година на издание: 2022

400,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Хрестоматијата „Нова античка драма II“, приредена до Сашо Димоски, е втора книга што Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ и издавачката куќа „Полица“ ја објавуваат како заеднички проект. Во оваа книга, а според примерот на првата, собрани се драмски текстови што ја сочинуваат официјалната фестивалска селекција на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ и кои едновремено претставуваат свежи, нови читања на веќе познатите антички (драмски и епски) наративи, за што зборува и мотото на XIX издание на фестивалот: во нови слики,како modus operandi на селекцијата, но и како ракурс од кој уметнички се промислуваат цивилизациските наследства на античката грчка традиција и се преточуваат во театарски претстави. Петте текстови во оваа книга, заедно со петте од претходната ја создаваат првата двоцифрена датабаза на нови антички драми/митодрами на македонски јазик, сочинети од дела на македонски драмски автори, како и современи автори од Австрија, Португалија, Романија, Србија и Бугарија.

Оваа хрестоматија ги обединува: „Антигона“, според Софокле, во драматуршка обработка на Ката Џармати; „Еден Едип“, современа трагедија базирана врз Софоклевиот изворник, авторство на Армандо Насименто Роса; „Одисеј“, авторски текст на Александар Секулов, кој како своја појдовна точка ја има Хомеровата „Одисеја“; „Пандорината кутија: наследството на ќерката“, авторски текст на Ришард Ниечим.Како „бонус текст“, токму поради својата оригиналност и блискост до насловот на оваа книга, во оваа хрестоматија е сместена и современата трагедија „Слепа дамка“на романските автори Космин Станила и Јонут Сочу, пишувана според тебанскиот митски циклус.