Криста Волф е родена на 18 март 1929 година, како Криста Иленфелд (Christa Ihlenfeld), во Ландсберг (денес во Полска), а живеела и работела во Берлин.[1] Таа студирала германска книжевност и историја на Универзитетот во Јена, а потоа станала книжевен советник во Сојузот на германските писатели во Берлин. Некое време работела како уредничка во една издавачка куќа.[2] Била омажена за Герхард Волф.









