Филип Киндред Дик (16 декември 1928 – 2 март 1982 ), често ословуван и со својата кратеница ПКД, или по својот писателски псевдоним Ричард Филипс, бил американски писател на научна фантастика кој битно го променил тој жанр. Иако за својот живот уживал почитување од своите врсници, како на пример од Станислав Лем, Дик не бил познат на широката публика за време на животот, но по неговата смрт, неколку популарни филмски адаптации на неговите дела доживеале голема гледаност. Денес, неговите дела се меѓу најпопуларните на жанрот на научна фантастика и се прифатени како од широка публика така и од книжевната критика.










