Адријан Бертран (4 август 1888 – 18 ноември 1917) бил француски писател чија кратка, но впечатлива книжевна кариера е тесно поврзана со трагедијата на Првата светска војна. Служејќи во француската армија, тој бил тешко ранет на фронтот и голем дел од своите дела ги напишал додека се наоѓал на смртна постела, како одраз на личното искуство со војната.
Неговото најпознато дело е романот L’Appel du sol, за кој во 1916 година ја добил престижната Гонкурова награда. Во овој роман Бертран пишува за војниците водени од слеп патриотизам и за деструктивната природа на таквата идеологија, нудејќи силна антивоена перспектива.
Меѓу неговите последни дела е и L’Orage sur le jardin de Candide, книга составена од четири раскази кои ги напишал само неколку недели пред својата смрт. Освен проза, Бертран пишувал и поезија; дел од неговите песни биле објавени посмртно, дополнително потврдувајќи го неговото место меѓу значајните француски антивоени автори од почетокот на XX век.
Бертран е роден 1888 во Нион, каде по завршување на училиштето заминал за Париз да работи како новинар во повеќе весници, меѓу кои Paris-Midi и L’Homme libre. Во тој период започнал со книжевното списание Les Chiméres, каде ги објавувал неговите социјалистички идеи и надреалната поезија, а објавувал и текстови од истомисленици. Иако Бертран бил пацифист, кога наполнил 26 години се приклучил на француската војска за време на Првата светска војна. Бил дел од коњаницата, а се истакнал за време на тримесечната Битка за границите, каде Французите војувале против германската армија.
Во октомври 1914, претрпел оштетување на белите дробови откако германска граната го погодила неговиот полк, а шрапнел завршил во неговите гради. Бертран ја преживеал повредата, но бил даден на палијативна нега, која пружала ниска медицинска грижа. Лекарите му кажале дека дробовите му се трајно оштетени и не ќе можат правилно да работат, тој нема да може да се движи и дека набрзо би починал. Соочен со принудното лежење во кревет, Бертран се вратил на писателската дејност и напишал два романи пред да подлегне на раните по три години.








