Франсис Скот Фицџералд (24 септември 1896 — 21 декември 1940 ) — американски писател кој пишувал романи и раскази. Тој важи за еден од најголемите автори во американската и во светската литературa на 20. век. Тој бил дел од тнр. „Изгубена генерација“, заедно со Ернест Хемингвеј и неколку други познати писатели. Фицџералд напишал пет романи, од кои еден е објавен посмртно, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Големиот Гетсби“. Исто така, тој е автор и на голем број раскази.
Родителите на Френсис Скот Фицџералд живееле во Сент Пол. По завршувањето на воената служба, тој доживеал тешки денови, борејќи се да оствари материјална благосостојба и да ја добие довербата на родителите на неговата сакана девојка, Зелда. Објавувањето на неговиот прв роман му донела слава и богатство, кои се зголемиле по објавувањето на романот „Големиот Гетсби“ во 1925 година. Но, паралелно со славата, Фицџералд постепено станал зависник од алкохолот. Во 1925 година, тој и Зелда се преселиле во Европа, но неговата книжевна слава почнала да опаѓа. По неуспехот на романот „Нежна е ноќта“ од 1934 година, Фицџералд претрпел нервна криза од која долго време не можел да закрепне. По болеста, во 1937 година се преселил во Холивуд, каде работел како сценарист, но повторно му се препуштил на алкохолот, по што следувале два срцеви удари и како последица на нив, умрел во 1940 година.








