Македонка Јанчевска е родена 24. мај 1940 година во Градско. Основно образование завршила во родното место. Средно образование учи во гимназиите во: Кавадарци, Кочани, Скопје. Завршила Филолошки Факултет во Скопје, група “Историја на книжевностите на југословенските народи и македонски јазик”. Работи како наставник во Велес и Кратово, лектор е во Општина Велес, а од 1984 до пензионирањето е директор на Центарот за детско творештво “Ѓоре Органџиев” во Велес. Долги години е во одборот за организирање на Детските Рацинови Средби, поетско ликовна манифестација за деца. Откако е во пензија е претседател на Друштвото на писатели на Велес, исто работи во рамките на локалната библиотека.









