Александар Сашко Кукулев е роден во Велес 01.04.1971 година, радиски новинар и водител(Радио Велес 1990-2008 година).Пошироката Македонска јавност го запознава по романите Патувањето на Петар Келемен (2009 година) во кој хронолошки ги опишува настаните пред, за време и непосредно после атентатот во Марсеј 1934 година, во кој е убиен српскиот (Југословенскиот) крал Александар караѓорѓевиќ. Романот Како избравме американски претседател[мртва врска] од 2019 година во издание на “Полица” – Скопје, во кој се опишани настаните од 2016 година кога неколку млади велешани, со помош на лажни вести, успеаа да се вмешаат во изборниот просец на Соединетите Американски Држави, по што Доналд Трамп стана претседател на САД. Неговиот трет роман Водена приказна Архивирано на 2 февруари 2023 г. во издание на “Стерна” од Скопје, во кој се говори за британскиот пилот на RAF Патрик МекКензи кој прв го истурил својот товар од напалм врз македонските села во Егејска Македонија, како и прехдните два романи доживеа фантастичен успех кај читателската публика.








