Драгана Јокиќ е современа српска уметница, архитектка и авторка. Родена е во Белград, каде што живее и работи. Таа има докторска титула од Fakultet primenjenih umetnosti – Univerzitet umetnosti u Beogradu и дипломирала и магистрирала на Fakultet likovnih umetnosti – Univerzitet umetnosti u Beogradu, како и на Arhitektonski fakultet – Beogradski univerzitet.
Јокиќ има реализирано 12 самостојни изложби и учествувала на повеќе од 40 групни изложби од областа на сликарството. Во рамките на својата работа во дизајн на ентериери, се занимавала со имплементација на ѕидно сликарство, дизајн на мебел и осветлување. Таа е автор на повеќе од сто ентериери и други архитектонски целини и е добитник на повеќе награди во областа на сликарството и архитектурата.
Јокиќ е авторка на книгата Arhitektura (едција Сазнај и пробај, издавач Креативни центар, Белград), која е преведена на португалски и шпански јазик. Од 1991 година е во статус на самостоен уметник, а членка на ULUS – Udruženje likovnih umetnika Srbije од 1993 година.









