Џорџо Фонтана

Giorgio Fontana

Џорџо Фонтана е современ италијански писател роден во провинцијата Варезе. Студирал филозофија на Универзитетот во Милано, каде што дипломирал со теза посветена на филозофијата на Хилари Патнам.

Својот книжевен дебит го направил во 2007 година со романот Buoni propositi per l’anno nuovo, по што следувале и други значајни дела како Novalis и La velocità del buio, есеј што се занимава со берлусконизмот и италијанскиот идентитет. Меѓу неговите најпознати книги се Per legge superiore и Morte di un uomo felice, кои се занимаваат со теми поврзани со правдата, моралот и општеството. Романот Morte di un uomo felice ја добил престижната Premio Campiello во 2014 година и бил преведен на повеќе јазици.

Фонтана е автор и на други прозни дела, како новелата Un solo paradiso и семејната сага Prima di noi. Покрај прозата, тој пишува и стрипови, меѓу кои и делото Lamiere, кое се занимава со животот во сиромашните населби на Најроби.

Денес живее и работи во Милано. Освен што пишува книги, работи како сценарист за познатиот италијански стрип Topolino, а предава креативно пишување во школите Scuola Holden и Scuola Belleville.

Смртта на еден среќен човек

Ирис Ханика

Ирис Ханика (родена 1962 година во Вирцбург) е современа германска авторка. Пораснала во Бад Кёнигсхофен, а од 1979 година живее...

Повеќе..

Драгана Јокиќ

Драгана Јокиќ е современа српска уметница, архитектка и авторка. Родена е во Белград, каде што живее и работи. Таа има...

Повеќе..

Пол Скот

Пол Марк Скот (25 март 1920 – 1 март 1978) беше англиски романописец, познат по неговата тетралогија The Raj Quartet,...

Повеќе..

Афонсо Круш

Афонсу Круш (1971) е роден во Фигеира да Фош и е португалски мултидисциплинарен уметник. Тој е автор на повеќе од...

Повеќе..
Сол Белоу

Сол Белоу

Сол Белоу (англиски: Saul Bellow; 10 јуни 1915 – 5 април 2005) — канадско-американски писател, добитник на Нобелова награда за литература и на Пулицеровата награда во 1976 година, за разбирањето на човекот...

Повеќе..

Максим Горки

Алексеј Максимович Пешков (руски: Алексей Максимович Пешков), алијас Максим Горки (Максим Горький) (Нижни Новгород, 28 март 1868 – Горки, Москва, 18 јуни 1936) — руски и советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Од 1892 година,...

Повеќе..

Ануџа Вархиз

Ануџа Вархиз е добитничка на канадската Награда на Генералниот гувернер (2023 г.) и на Наградата „Дејн Огилви“ за истакнати LGBTQ2S+...

Повеќе..

Виктор Иго

Виктор Иго (француски: Victor Hugo; Безансон, 26 февруари 1802 – Париз, 22 мај 1885 ) — француски писател, еден од предводниците на францускиот романтизам. Покрај Балзак, Иго се смета за најголема фигура во француската...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×