Сол Белоу (англиски: Saul Bellow; 10 јуни 1915 – 5 април 2005) — канадско-американски писател, добитник на Нобелова награда за литература и на Пулицеровата награда во 1976 година, за разбирањето на човекот и за детална анализа на современата литература. Тој пишувал есеи, раскази, новелата „Не пропуштај го денот“, но најмногу е познат по романите.[1]
Животопис
Белоу потекнува од еврејско семејство. Роден е две години откако неговите родители Леша и Авраам Ви се иселиле од Санкт Петербург во Монтреал, Канада. Во детството на Белоу сè се променило кога за време на една инфекција на дишните патишта се посветил на читањето книги, а решил да биде писател кога ја прочитал „Колибата на чичко Том“. Од рана воздраст, Белоу покажувал големо интересирање за литературата и зборувал четири јазици. Студирал на Чикашкиот, на Северозападниот и на универзитетот на Винсконсин. Студиите ги завршил во 1937 година, по што работел како биограф, наставник и уредник во енциклопедијата „Британика“. За време на Втората светска војна служел во трговската флота на САД. Од 1946 година ја поврзал својата литературна дејност со предавачката работа на унерверзитетот во Минесота, во Бард колеџот и на унирверзитетите во Њујорк и Чикаго (каде што живеел од 1962 година).









