Огнен Неделковски (роден на 13 февруари 1972 година во Скопје) — драмски писател, текстописец и романописец.
Огнен Неделковски дипломирал драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1994 година, во класата на проф. Горан Стефановски. Прогласен е за студент на генерација во учебната 1993/94.
Магистер по драматургија. Магистрирал во 2018 година, на ЕФТА во Скопје. Работел како сценарист во МРТВ, а бил и раководител во Советот за радиодифузија на РМ и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (каде што и денес работи.) Автор е на 10 радио драми, две едночинки изведени во рамките на претставите „Утешение грешним“ и „Грешните се утешија“ во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.








