Валентин Нешовски

Валентин Нешовски

Валентин Нешовски е роден 1965 година во Скопје, Република Северна Македонија. По дипломирањето на Универзитетот „Кирил и Методиј“, работи како новинар и уредник во весниците „Нова Македонија“, „Македонија денес“, „Денес“ и „ЗУМ-магазин“. Бил дописник на неколку странски медиуми. Во 2000 година добива новинарска награда на УНХЦР за најдобра сторија од бегалските кризи. Текстот е објавуван во многу реномирани списанија во целиот свет.

Во 2004 поминува една година професионален развој на Универзитетот во Оклахома, САД, каде истражува во областа на меѓународните односи и режими и каде ја подготвува книгата „Конфликт, мир и медиуми“ на англиски и на македонски јазик.

Во октомври 2022 го објави првиот роман „Една книга“, кој е преведен на српски и на бугарски јазик и номиниран за Роман на годината.

Во ноември 2023 го објавува вториот роман „Последната мисла во универзумот“, продолжение на „Една книга“, која исто така влезе во тесен избор за наградата Роман на годината.

„Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“ е третата книга од оваа филозофско-научна фантастична трилогија.

Нешовски заедно со Џабир Дерала, во 2024, ја објави и „Човекот, роботот и дигиталниот бог“, која претставува дијалози за вештачката интелигенција. Овие дијалози беа објавувани како фељтон во неколку медиуми во Северна Македонија.

Валентин Нешовски во своите дела го истражува сложениот однос меѓу медиумите, конфликтите и глобалните општествени промени на еден филозофски, но истовремено забавен начин. Неговиот интерес за футуризмот, за иднината на технологијата и особено за вештачката интелигенција, е длабоко вкоренет во неговото творештво, каде што преку литературата ги испитува етичките и филозофските аспекти на технолошката ера.

Нешовски е автор кој на директен начин и со леснотија ги пренесува големите прашања на нашето време, отворајќи простор и слобода за читателот да промислува за иднината на човештвото и за нашето место во еден брзо променлив свет.

Во својата кариера е ангажиран од повеќе меѓународни организации како консултант за односи со јавност, комуникации и медиуми. Како консултант, има подготвено и уредено повеќе публикации кои се однесуваат на односите со јавност и со Европската Унија.

Извор:

No results found.

Софи Мас

Софи Мас е филмска продуцентка со седиште во Париз. Во 2012 година се приклучила на продукциската компанија RT Features, основана...

Повеќе..

Франсоа-Рене де Шатобријан

Франсоа Рене де Шатобријан (француски: François-René de Chateaubriand) (1768–1848) е француски политичар, дипломат, историчар и писател кој претставува предвесник на романтизмот во Франција. За неговото дело критичарите велат дека...

Повеќе..

Јустин

Јустин Филозоф (околу 100 – околу 165) бил ранохристијански филозоф, теолог и маченик. Роден е во Flavia Neapolis во Самарија...

Повеќе..

Д-р Исак К. Адижес

Д-р Исак Калдерон Адижес (англиски: Ichak Adizes) е светски познат менаџмент консултант, академик и автор, препознатлив по развојот на „Адижес...

Повеќе..

Симон де Бовоар

Симон де Бовоар (фр. Simone de Beauvoir; Париз, 9 јануари 1908 – Париз, 14 април 1986 ) — француска писателка и филозоф, автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот. Автор...

Повеќе..

Херман Мелвил

Херман Мелвил (1819–1891) бил американски писател и поет, најпознат по романот Moby-Dick. Роден е во Њујорк во семејство на трговец,...

Повеќе..

Кристијан Шемко

Кристијан Шемко е современ македонски автор, режисер и креативец роден во Австралија, од каде што со семејството често патувал и...

Повеќе..

Душан Весиќ

Душан Весиќ (роден 27 октомври 1959 во Белград) е етаблиран српски писател, рок‑критичар и публицист, познат по својата долгогодишна работа...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×