Избраниот член

The Elected Member

Автор: Бернис Рубенс

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание: 2019

300,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

„Избраниот член“ е роман за едно нефункционално еврејско семејство, но и покрај трагичните елементи во оваа приказна, сепак комичното го прави овој роман вистинско читачко уживање. Норман е најпаметниот во едно тесно поврзано еврејско семејство од источниот дел на Лондон. Чудо од дете; брилијантен адвокат; зеница во очите на неговите родители... сè до неговата четириесетта година кога станува зависник од дрога, затворен во својата спална соба, на милост и немилост на неговите халуцинации и параноја. За Норман, одењето во ментална болница претставува врвен чин на предавство. За рабинот Звек, таткото на Норман, влошената состојба на синот е горчлив потсетник за неговата вина и неуспех. Само Бела, немажената инфантилна сестра со бели чорапчиња до глуждови, може да премине преку бездната на болка за да го овозможи неостварливиот мир меѓу таткото и синот, мирот по кој и двајцата толку очајно копнеат.