

350,00 ден

Публикација за Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ приредена од Сашо Димоски, театролог и селектор на ИФАД Стоби 2021
Хрестоматијата „Нова античка драма“, која излегува од печат за време на овогодишното 18. издание на фестивалот Стоби, нуди приказ на најголемиот дел од драмите што се дел од фестивалот.
Петте драмски текстови вклучени во неа се показател на важноста на античкото драмско наследство и неговата вечна актуелност. Моќта за ново читање и нови обработки на античките приказни и драми во новите времиња и контексти укажува на нивната податливост да дадат одговори на прашањата што го провоцираат човештвото од антиката, низ вековите, па сè до ден-денес .