Дирјан е родена во 1953 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на француската влада и Фондацијата „Губелкијан“.
Дирјан била главна уредничка на списанието „Жена“ и на регионалното книжевно списание „Сараевски тетратки“. Таа е една од основачите на Друштвото на независни писатели на Македонија.[2]
Таа му била сопруга на македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач Богомил Ѓузел.
Починала во Скопје на 13 декември 2017 година.[3]









