Петар Андоновски (1987, Куманово) дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Автор е на книгите: Ментален простор (поезија, 2008), Очи со боја на чевли (роман, 2013, второ и трето издание 2016, четврто издание 2023), Телото во кое треба да се живее (роман, 2015, второ и трето издание 2016, четврто издание 2023), Страв од варвари (роман, 2018, второ издание 2019, трето издание 2020, четврто издание 2023), Лето во кое те нема (роман, 2020, второ издание 2021), Не кажувам (роман, 2023, второ издание 2024).
Неговите романи преведени се на следните јазици: англиски, француски, италијански, шпански, словенечки, хрватски, бугарски, српски и албански јазик.
Награди:
2015 г. – Роман на годината на Утрински весник за романот Телото во кое треба да се живее.
2020 г. – Европска награда за литература за романот Страв од варвари.
2020 г. – Признание за најуспешен домашен автор помеѓу два саеми (награда од Македонска асоцијација на издавачи).
2022 г. – Пен преводи од Англискиот Пен центар (English Pen award).












