150,00 ден

No results found.

Ајде уште еднаш

Ајде уште еднаш

Жанр:

Број на страници: 63

Година на издание: 2024

Ви ја претставуваме првата поетска збирка на Бојан Станиќ, „Ајде уште еднаш“ низ две визури – онаа на авторот, и онаа на рецензентот.
Збирката се појави на Саемот на книгата, иако Бојан ја „крчкал“ уште од 2017 година, кога сфатил дека поезија на македонски и не мора баш секогаш да звучи безизлезно, тешко и траорно. „Иако ‘тешките’ теми и слики неизбежно се дел и од овие песни, во тој момент конечно си го најдов гласот и формата за припојување надеж на тежината, некаква резолуција и макар наивен оптимизам за иднината што би ја обелоденил нашата моќ и контрола на нашата најблиска околина“, вели тој во својот предговор.
Рецензентот Ведран Диздаревиќ, пак, ќе каже: „Дури и во најтешките и најмрачните моменти во оваа збирка, кога лирскиот субјект копа дупка во која самиот пропаѓа, кога светот се претвора во пепел што се разлетува – тоа не претставува конечен крај на процесот на животот, туку уште една шанса за нов почеток“.

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×