400,00 ден

Лидија Капушевска-Дракулевска

Авторот во огледало

Авторот во огледало

Број на страници: 366

Година на издание: 2021

Авторот во огледало на Лидија Капушевска-Дракулевска содржи 14 разговори со современи македонски писателки и писатели што авторката ги водела во периодот од 2012-2021 година на страниците на списанието „Културен живот“. Ракописот содржи интервјуа со: Лилјана Дирјан, Владимир Мартиновски, Румена Бужаровска, Калина Малеска, Лидија Димковска, Гоце Смилевски, Иван Џепароски, Фросина Пармаковска, Јагода Михајлова-Георгиева, Соња Стојменска-Елзесер, Влада Урошевиќ, Ристо Лазаров, Петар Андоновскии Кица Колбе. Тие се проследени со авторски текстови за одделните поетики на соговорниците. На тој начин, се вкрстуваат автопоетичките и поетичките согледби во една чудесна симбиоза. Книгата е мошне оригинална и досега невообичаена за нашата книжевна средина, затоа што не се работи за новинарски разговори, туку за компетентни книжевни интервјуа, збогатени со оригинални поетички согледби за најзначајните имиња на македонскиот книжевен живот денес.

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×