

150,00 ден

„Бели мугри“ е култна стихозбирка на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, објавена на 25 ноември 1939 година во Самобор, во близина на Загреб, Хрватска. Таа претставува едно од најзначајните и најодличните дела во развојот на современата македонска литература. Стихозбирката содржи 12 песни распоредени во циклуси, напишани главно на велешки дијалект со влијанија од западномакедонските говори и народната поезија.