250,00 ден

Коста Бојчески

Дијалози

Дијалози

Број на страници: 139

Година на издание: 2024

Колку пати ви се случило да наслушнете исечок од муабет на луѓе што не ги познавате и тоа неверојатно да ве заинтересира? Е, сега, замислете си книга со такви дијалози, при што пред вас ги имате само репликите на ликовите, а не знаете ни кој со кого зборува, на почеток ни за што, ниту го имате контекстот на разговорот, па ако мислите дека се зборува за едно може во следната реплика да дознаете дека муабетот бил за нешто сосема друго…
Токму овој книжевен експеримент со прастариот жанр на дијалогот го прави авторот Коста Бојчески во неговата збирка дијалози насловена токму така – „Дијалози“. Ако сте расположени да прочитате нешто што е поинакво од сè друго што имате читано – ова е книга за вас!

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×