200,00 ден

Звонко Димоски

ex nihilo : репортажна поезија за Андалузија

ex nihilo : репортажна поезија за Андалузија

Број на страници: 80

Година на издание: 2026

Ракописот „Ex nihilo – Репортажна поезија за Андалузија“ на читателот му нуди можност да ја запознае Андалузија, но не како географски предел, туку како духовен простор – живо место што се преселува во срцето на читателот. Во него, документарната прецизност постепено се преточува во чиста поезија, оставајќи силна емоционална трага и нова димензија во современиот македонски поетски израз. Оваа поетска книга сведочи за редок спој на интелектуална рефлексија и длабока лична чувствителност, кој создава впечатлива читателска блискост. Ана В. Рингачева Поезијата на Димоски создава впечатлива синтеза меѓу патописното сведоштво и лирската чувствителност, претворајќи го просторот во симболичен топос на внатрешното искуство. Неговите стихови ја откриваат Андалузија како метафора за враќањето кон изворната емоција и духовната припадност. Со тоа, авторот успева да изгради поетски свет што истовремено е конкретен и универзален, близок и длабоко созерцателен. Мариола В. Миколајчакова

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×