

150,00 ден

Поезијата на Моника Стојановска изникнува од најдлабоките понори на човечкото, каде што, соголувајќи се, ги расплеткува читливо сите комплексности на чистата емоција, ставајќи ни мапа во раката и компас на срцето.
Читајќи го нејзиниот поетски ракопис чувствуваме како во воздухот лебди тивка носталгија проследена со мирно прифаќање и помирување со нашата кревкост и ранливост, користејќи ги токму нив како наше најсилно оружје против грубостите на светот и животот.
Петар Андоновски