350,00 ден

Реј Бредбери

Марсовски хроники

RAY BRADBURY - THE MARTIAN CHRONICLES

Број на страници: 194

Година на издание: 2012

Според познавачите на книжевниот опус на Реј Бредбери, романот „Фаренхајт 451“ (објавен во 1953 година) е неговото најзначајно дело но, сепак, повеќе од половина век токму „Марсовските хроники“ континуирано предизвикуваат несмален интерес кај читателската публика и тоа во светски рамки.

Уште по појавата на „Марсовските хроники“ во 1950 година за Реј Бредбери било кажано дека пишува исто како што импресионистот Клод Моне умеел да слика. Згора на тоа, највпечатлив е неговиот придонес за внесување на дотогаш неприменет поетски материјал во градењето на архитектурата на прозниот исказ. Клифтон Фадиман подвлекува дека „овој многу талентиран млад писател е моралист што најлесно работи во медиумот познат како фантазија, исто како што Банјан или Шо, ако можеме да се повикаме на големи примери, биле моралисти што работеле во медиумот на алегоријата или на драмата“.

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×