

400,00 ден

Кон крајот на својот живот, Николај ѝ ја раскажува својата животна приказна на една сочувствителна слушателка, едноставна девојка што ја запознал во еден бар и за која подоцна се оженил, токму навреме за да ја направи наследничка и да ја спаси од просечноста.
Во текот на неговиот турбулентен живот, Николај менувал имиња, страни, униформи и работни места, бил на фронтот и во работните логори, бил затвореник, љубовник и испитувач. Низ вителот на историјата, тој повеќе или помалку неволно прифаќал неколку идентитети и се заколнувал на верност на различни сили, со единствена скромна желба ‒ безбедно да се врати дома.
Романот е приказна за ХХ век, но и трогателна приказна за волјата на поединецот да преживее. А преживувањето, како што се излегува, понекогаш зависи од тоа да можеш да раскажеш добра приказна и да најдеш некој што е подготвен да слуша.