500,00 ден

Карл Густав Јунг

Сеќавања, соништа, мисли

Erinnerungen, träume, gedanken

Број на страници: 508

Година на издание: 2020

Ова автобиографско дело на Јунг е различно од најголемиот број дела од овој жанр.

Додека стандардната автобиографија пишува за постапките, делата, успесите и (поретко)m неуспесите на авторот, при што внатрешниот живот на авторот, неговиот карактер, емоциите и неговата личност ги има сосема малку или ни толку, книгата „Сеќавања, соништа, мисли“ е книга од чии страници изнурнува, се обликува, пред наши очи се укажува ликот на самиот автор. Ова е книга за самоосвестувањето и себеистражувањето, за големото внатрешно будење, книга за спиритуалното и интелектуалното себеоткривање на К. Г. Јунг! Опишувањето на неговите визии, соништа, фантазиите и насетувањата, кои и самиот тој ги држел потиснати до пред самиот крај на животот, а кои сега ги смета за своето „најголемо богатство“, се вредни патокази што Јунг внимателно ги следи на патот кон средбата со сопствената личност.

Притоа, ова патување не е ексцентрично изолирано искуство на осамениот поединец, кое нема никаква вредност за другите, колку, инаку, и да е драгоцено за оној што го изодел патот до себе; не, вредноста на ова искуство не е само огромна, туку е универзална! Ова интроспективно патување има епохално значење како призма низ која се обликуваат колективната душа и архетипските матрици на секој човек и на целото човештво!

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×