
400,00 ден
No results found.
Збирката „Стражари на ноќта“ содржи 24 песни, и се поврзани со Скопје. Овие длабоко емотивни песни, Митева во соработка со седуммина други уметници ги има претворено во нова, хибридна форма што таа ја нарекува изложбена поезија. Збирката има 24 постери, на кои е илустрирана по една од песните и наместо меѓу корици како книга, сместена е во папка. Темите кои се во фокус на поезијата се прелеваат од општествениот живот во капиталистичкото уредување, предизвиците на урбаното живеење, преку секојдневните соочувања со системот, до многу интимни и длабоки човекови емотивни состојби кои се нераскинлив дел од општественото битисување.