Услови на користење

Услови на користење

ОПШТИ УСЛОВИ

Добредојдовте во polica.mk. Со вашиот пристап на нашата страна, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно. Polica.mk има за цел да ги претстави насловите во издание на Конгресен Сервисен центар - Полица, како и онлајн агрегатор на други издавачки куќи од Македонија. Polica.mk е veb веб страна каде ќе можете да купувате и да разменувате мислења и искуства во врска со вашите омилени книги. Конгресен Сервисен Центар - Полица Скопје е единствен сопственик на  polica.mk.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата http://polica.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата. Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Забелешка: долунаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

УПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:

- Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате 
- Решавање на спорови или решавање на проблеми 
- Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности 
- Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата 
- Споредување на точноста на дадените информации со трети страни

КОМЕНТАРИ, ПРЕГЛЕДИ И ДРУГА СОДРЖИНА

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. Polica.mk ќе да ги отстрани сите пораки за кои цени дека се во горенаведените категории.

АВТОРСКИ ПРАВА

Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на Конгресен Сервисен Центар - Полица и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Polica.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

Polica.mk не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница. Polica.mk (КСЦ-ПОЛИЦА) не одгвора за поседувањето на авторските права за книгите што се продаваат преку системот, а се во сопственост на други издавачки куќи и polica.mk е посредник во продажбата на истите. Издавачите и книжарниците се согласуваат со овие општи услови и потврдуваат дека ги имаат соодветните авторски права.