Чудото

The wonder

Автор: Ема Донахју

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 253
Година на издание: 2017

350,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Ема Донахју, инаку неверојатен пишувач на историски романи, овој роман го посветува на девојките и девојчињата кои се изгладнувале до смрт во името на Бога. Во минатото, особено во Ирска, на некој начин биле во „мода“  ваквите „анорексични светици“. Иако се случувало под закрила на Бога, а и во средина на XIX век, сепак сета дилема, иронија и едноставната причина за самоконтрола читателот може да ја поврзе со денешните адолесценти.

Ова е неверојатна приказна за 11 годишната Ана О`Донел која живее во ирското селце во близина на Атлон. Таа веќе 4 месеци живее без храна, и тврди дека се наситува со „Манна од небото“.  Девојчето-чудо за жителите од селото станува центар на внимание, поголемиот дел од нив ја сметаат за светица, но сакаат да бидат сигурни дека не се измамени. Медицинската сестра од редот на Флоренс Најтенгејл, Либ Рајт пристига во селцето во сезоната на глад.  Како што одминува периодот, тензијата на исчекувањето станува неподнослива. Либи инаку не ги поднесува Ирците , а ни честата појава малолетни девојчиња да се изгладнуваат под закрилата на религијата. Таа постојано се бори со сопствениот антагонизам кон католичката религија и нејзините морални принципи како искусна негувателка. Сепак детето е дете. При нејзиното набљудување на девојчето, таа не забележува никаква измама, но мистеријата се зголемува како што ова девојче преживува.