Дождови во мај : сублимирани емоции со две лажички мед

Дождови во мај : сублимирани емоции со две лажички мед

Автор: Даница И. Лепојевиќ

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Поезија
Број на страници: 159
Година на издание: 2023

250,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака
Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлива и храбра. Збирка создадена речиси во еден здив. Пишувана, растена и обликувана со многу искреност, страст, нежност и копнеж.
Новата, трета по ред збирка поезија „Дождови во мај: сублимирани емоции со две лажички мед“ на нашата поетеса Даница И. Лепојевиќ. Во неа авторката, која воедно е и психолог и јогин, ги презентира своите емоции создавајќи интерактивно и хибридно дело со уникатна структура во нашата книжевност. Поетска авантура низ стихови, дневнички записи и Инстаграм-рилови со ефект на вистински емоционален ролеркостер.
Со необичниот и холистички пристап кон внатрешниот свет и кон творечкиот процес, Лепојевиќ ги поканува читателите директно и длабоко во нејзиниот интимен дом, нудејќи ги сите медиуми за негово искусување: зборот и чувството, цртежот и звукот, фотографијата и видеото.
Или, како што вели авторката: „Збирка полна искрена ЈАС: расечена, искрвавена низ стиховите, распослана по страниците.“