Маги : како да беше некогаш

Magi : kao da je bila nekad

Автор: Душан Весиќ

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 332
Година на издание: 2025

550,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Со љубов што не ја намалува разумноста и со непоткупливост што не ја ослабува емоцијата, Душан Весиќ испиша значајна и потресна книга за големите страдања, блескавата дарба и трагичниот крај на најголемата хероина на југословенскиот рокенрол.

Неговата приказна за Маргита Стефановиќ, истовремено и тегобна и достоинствена, и горка и искрена, не е само неизоставен документ за секој што ја сака и ја почитува Маги, туку е и огледало во кое ќе се препознаат оние што умееја да ја ублажат нејзината болка, оние што ја искористија нејзината немоќ и оние што покажаа рамнодушност кон нејзините страшни страдања.

Истовремено, тоа е разорна приказна за подемот и падот на југословенската средна класа и лицето и опачината на Белград. Пишувана авторитативно и со атрибути на историска расправа, Маги: Како да беше некогаш има длабока вредност што ги поместува границите и поставува нови стандарди, и тоа не само во југословенската рок-литература, туку и многу пошироко и подалеку.

За авторот

Душан Весиќ се родил во Белград, на Света Петка во 1959 година. Тој важи за еден од највлијателните рок-новинари на Југославија во периодот од 1980 до 1990 година. Пишувал за речиси сите повлијателни југословенски весници и списанија од тоа време, промовирајќи ја рок-културата. Уредник бил на домашната сцена во списанијата „Рок“ и „Поп Рок“, но и директор на Фестивалот на забавна музика Белградски шлагер менаџер (1993 ‒ 1995). Снимил осум документарни ТВ-серии и филмови, меѓу кои и култниот серијал „Роковник“ (40 епизоди) и филмот „ЕКВ ‒ Као да је било некад“. Објавил три книги за Бијело дугме, и тоа: „Лопуже које нису ухватили“ (1985), „Шта би дао да си на мом мјесту“ (2014) и „Бијело дугме ‒ 40 години“ (со Синиша Шкарица, 2014). Живее во Белград.