Тајните на занаетот : сè што научив за бизнисот на потешкиот начин

Tajne zanata : sve što sam na teži način naučio o biznisu

Автор: Мирослав Мишковиќ

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 232
Година на издание: 2025

500,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

По бестселерот „Јас, тајкунот“, во „Тајните на занаетот“ Мирослав Мишковиќ пред нас ги изнесува суштината на неговото деловно знаење и искуството акумулирано во повеќе од половина век. Сето она што го научил – честопати на потешкиот начин – Мишковиќ им го претставува на другите како повик да не ги повторуваат неговите грешки и, пред сè, како можност да научат од неговите успеси.

Низ лични, автентични приказни, Мишковиќ ни нуди принципи, анегдоти и безвременски лекции. А, сето тоа од повеќедецениското работење во екстремно променливи околности, пазари и индустрии. Вистинска ризница на знаење за секој што се стреми кон долгорочен успех и одржливост во бизнисот, без оглед на тоа од која индустрија доаѓа.

 

Бранко Милутиновиќ, извршен директор на Нордеус

Оригиналноста на книгата на Мирослав Мишковиќ лежи во тоа што наместо да тргнува од теоријата, таа всушност е резултат на искуство од половина век во водењето бизнис. Во книгата може да најдете знаење, но и инспирација што е ретко достапна во време кога потрагата по моќ често го занемарува влијанието на бизнисот врз луѓето и врз заедниците. Во текот на ова патување ќе уживате во разновидни и стимулативни економски лекции.

Жорж Уже, претседател на Галилео Глобал, предавач на Универзитетот Колумбија

Живееме во земја каде што секој мисли дека може да се занимава со приватен бизнис. Како станувањето милијардер да е наједноставната работа на светот. Но, луѓето ги мрзи... Пред да ја прочитам, си помислив колку е важно да добиеме ваква книга, а потоа веднаш се уверив колку сум имал право кога налетав на она што му го кажа еден политичар на Мишковиќ ‒ „ако пропадне, нека се занимава со бизнис“. Затоа, пред да пропаднете, без оглед на тоа дали започнувате бизнис или бизнисот ви оди одлично, прочитајте ја оваа книга. Не дозволувајте да ве мрзи...

Вељко Лалиќ, главен уредник и сопственик на списанието Недељник

За мене, тајните на занаетот не се збир на деловни лекции – тие се темелот на сè што е Делта Холдинг денес. Меѓу кориците на оваа книга се наоѓа она што вработените во нашата компанија го чувствуваат и го живеат секој ден: тоа се вредностите што се вградени во секоја наша одлука и во секоја наша постапка. Симболично, 33-те поглавја за 33 години од деловното работење на компанијата ги претставуваат нишките што ги поврзуваат нашите луѓе: тим, кој, преку градење бизниси, гради и подобар свет.

Марија Десивојевиќ Цветковиќ, виш потпретседател на Делта Холдинг