Трезност и лудост

Трезност и лудост

Автор: Жан Илиески

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 359
Година на издание: 2022

350,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Сиена за време на августовското Палио: шаренолика, пијана, гласна, мириса на пот и на адреналин. По мирно крстарење по Медитеранот, широкото семејство на 74-годишниот ексцентричен, контрадикторен С., американски граѓанин со потекло од Сиена, зазема цел кат во еден од хотелите на Пјаца дел Кампо, местото каде што се одвива „средновековната трка на коњи без правила“. Во позадината на малите семејни конфликти, младешката љубов, детските игри и целосното славење на животот, без известување, С. ненадејно решава да го напушти семејството, „да истрела уште еднаш“ и да стане „тој што никогаш повторно не се свртел назад“.