Запчињата раскажуваат и порачуваат

Запчињата раскажуваат и порачуваат

Автор: Милкица Моцан

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 24
Година на издание: 2023

300,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Оваа прекрасна сликовница за вас ја напиша Д-р. Милкица Моцан, а убавите илустрации ги направи Филип Коруновски. 

Повелете, азбуката на Д-р. Милкица Моцан:

АЗБУКАТА НА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

A – Ако нè измиеш навечер, бактериите не може да ни наштетат.

Б – Без шеќер нема кариес.

В – Во устата ние сме распоредени во два лака, горен и долен. Меѓусебно се допираме во одредени точки, па на тој начин и џвакопритисокот се распоредува рамномерно.

Г – Груба и абразивна храна дај ни, бидејќи таа нè струже и нè чисти.

Д – Детскиот стоматолог е наш и твој пријател.

Ѓ – Ѓердан од заби ќе имаш ако се грижиш за нас.

Е – Еден изгубен заб и веќе се нарушува забната низа.

Ж – Животот е поквалитетен ако немаш забобол.

З – За здрави заби е потребна секојдневна грижа за нашата хигиена.

Ѕ – Ѕвезден сјај ќе имаме ние ако бидеме чисти.

И – И јазикот ни помага при џвакањето бидејќи ја превртува храната.

Ј – Јаболкото е корисно за нас и помага за нашата хигиена.

К – Кариесот е болест од која најмногу се плашиме, бидејќи ни предизвикува гниење.

Л – Лошиот здив во устата може да доаѓа од кариесни заби.

Љ – Љубовта кон себе е важна за сопственото здравје.

М – Меката храна се лепи на нас и ни прави голема штета.

Н – Не е срамота да имаш кариес на забите, ама срамота е да не ги поправиш.

Њ – Миење, пломбирање, контролирање, стоматолошко просветлување.

О – Ортодонтот е наш пријател, кој се грижи да бидеме правилно распоредени.

П – Правецот на чистење на нас, забите, е одгоре надолу, а не одлево надесно.

Р – Редовните стоматолошки прегледи се потребни за да се следи нашето здравје.

С – Само мало дупче на нашата површина е потребно за да дојдат бактериите до живецот.

Т – Трајните заби ги заменуваат млечните.

Ќ – Ќе имаш весело и безгрижно детство ако бидеме здрави.

У – Убавината на насмевката често е пресудна за изборот на некои професии.

Ф – Фрли ја четкичката ако има разбушавени влакна.

Х – Храбрите деца се многу свесни за нивното здравје.

Ц – Цврстите заби бараат цврста храна.

Ч – Четкичката за заби, заедно со пастата, е нашиот најдобар пријател, па затоа почесто менувај ја.

Џ – Џвакањето е нашата најважна задача со кое ја ситниме храната до најмали парчиња.

Ш – Шестиот заб е столб на забалото и стои на најмоќното место на вилицата.