Како деца

Pareils à des enfants

Број на страници:
Година на издание: 2018

350МКД

Како деца... раскажува за сиромашното детство, во Ним. Глас што оди директно до срцето. Иронијата и искреноста, наивноста и злобата, љубовта кон животот, чесноста на јазикот и мислата го сочинуваат шармот на оваа книга, една од најубавите инспирирана од детството. Приказната евоцира спомени за местото на растење и за сите радости и страдања од детството; ги оживува едноставните луѓе, зборува за првите години од животот на херојот: детството, заминувањето на неговиот неверен татко и женкар, секојдневниот тежок живот со мајка му. Оваа реалистичка приказна, отсликувајќи еден тежок живот, напротив, е осветлена од поезија. И токму таа поезија ја разгорува приказната, ја збогатува, со зборови земени од животот, од злобата, од хуморот на обичните луѓе.