300,00 ден

Александра Липчак

Лејла значи ноќ

Lajla znaczy noc

Број на страници: 270

Година на издание: 2026

„Лејла значи ноќ“ од полската книжевна репортерка Александра Липчак
„Лејла значи ноќ“ е книжевно-публицистичко патување низ Андалузија, простор каде што со векови се вкрстувале култури, јазици и религии. Тргнувајќи по трагите на исламското наследство во Шпанија, Липчак создава возбудлива приказна за сеќавањето и заборавот, за миграциите и идентитетот, за границите што ги делат луѓето и за мостовите што ги поврзуваат.
Со впечатлива репортерска прецизност и есеистичка длабочина, авторката ги поврзува минатото и сегашноста, покажувајќи дека приказните за ал-андалус не припаѓаат само на историјата, туку и на современата Европа. Ова е книга за средбите меѓу различностите, за животот на раскрсниците на световите и за потрагата по заедничкиот јазик во време на поделби.
Мудра, емотивна и исклучително актуелна, „Лејла значи ноќ“ е книга што нè поттикнува поинаку да погледнеме кон минатото и сегашноста.
Преводот на книгата од полски на македонски е на Звонко Димоски, кој и самиот има пишувано репортажна поезија за Андалузија, сместена во книгата „ex nihilo“.

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×