Култниот роман „Левитан“ од словенечкиот писател Витомил Зупан заснован врз личното искуство на писателот од долгогодишниот престој во повоените југословенски затвори, „Левитан“ може да се чита како автобиографски затворски роман, но тој е многу повеќе од тоа.
Преку приказната за човекот соочен со силната репресија, Зупан ги истражува границите на слободата, моќта на телото и имагинацијата, како и способноста на човечкиот дух да му се спротивстави на системот. Со бескомпромисен хумор, еротика и остроумни набљудувања на човечката природа, ова е дело што ги поместува границите меѓу автобиографијата и фикцијата, личното сведоштво и книжевната провокација.
„Левитан“ е роман за човекот што одбива да биде сведен на затвореник. Приказна за слободата што не секогаш зависи од местото на коешто се наоѓаме, туку и од просторот што успеваме да го зачуваме во себе.
Преводот на романот од словенечки на македонски е на Давор Стојановски.