

450,00 ден

Лили : девојчето кое не е од тука
Жанр: Роман | Белетристика
Број на страници: 222
Година на издание: 2026
Дали сме сами во Вселената?
Дали сме подготвени да го слушнеме одговорот?
На границата меѓу науката и верата, помеѓу историјата и митот, се појавува Лили, девојче што ја разнишува познатата слика за реалноста.
Нејзиното постоење ги води ликовите, вешто обликувани со суптилна психолошка длабочина, низ необични сведоштва, сомнежи и откритија што го менуваат нивното разбирање за светот и за самите себе. Во потрагата по вистината, секој од нив се соочува со сопствените стравови, со границите на научното знаење и со разнишување на верувањата што дотогаш ги сметале за несоборливи.
Лили е мистерија и надеж за новиот свет во кој свеста, одговорноста и сочувството ќе станат темелни цивилизациски вредности, а животот на секое битие – неприкосновена вредност.