300,00 ден

Зита Руцка

Смеј се ако имаш заби

Ten się śmieje, kto ma zęby.

Број на страници: 184

Година на издание: 2026

Вера останува сама по смртта на партнерот, поранешен џокеј. Ѝ претстојат погребот, долговите и суровата секојдневна борба за опстанок. Додека се обидува да го среди она што останало зад него, таа ја раскажува својата приказна: за љубовниците, за разочарувањата, за падовите од кои секогаш повторно се кревала.

Но, Вера не е жена што бара сожалување. Таа е остра, независна, бескомпромисна и неверојатно искрена. Зборува директно, понекогаш грубо, без да се крие зад илузии, оправдувања или лажна пристојност. Единствената нежност ја чува за едно бездомно куче што ќе го вдоми од улица.

Раскажан како долг, впечатлив монолог исполнет со црн хумор, ова е роман за достоинството на оние што животот не ги штедел, за женската издржливост и за храброста да се каже вистината, дури и кога таа боли. Вера можеби не е лесно да се сака, но невозможно е да не се препознае нејзината човечност.

Сподели на

Можеби ќе Ве интересира

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×