
120,00 ден
No results found.
Деца, добредојдовте во светот на новите бајки!
Авторката Соња Димитрова и илустраторката Маријета Сидовски создадоа бајковита книга за читање во секое време од денот.
Меѓу страниците на нашата нова сликовница прошетајте низ волшебните предели населени со откачените принцезички А, Е, И, О и У, Волшебникот Надеж, пчелките Зузујка и Зузујко, речните сирени Белкица, Праскица и Росица… Таму некаде низ бајките се кријат и алчните тролови архитекти и троловите Зузе 1 и Зузе 2, кои се вистински пакосници и не ги сакаат баш убавите и добри работи.
Со секоја прочитана бајка, уживајте во новите магии кои го разбиваат злото и овозможуваат во светот повторно да завладеат љубовта, искреноста, правичноста и добрината.